21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Qatar Airways порасна над четири пати за една година

Профитот на Qatar Airways порасна над четири пати за една година

qatar44

Профитот на катарската авиокомпанија „Qatar Airways“ порасна над четири пати, откако превозникот ја прошири флотата од авиони со широк корпус, додаде нови правци и го искористи падот на цените на горивата, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката на авиокомпанијата се зголеми до 1,6 милијарди риали (439 милиони долари) за 12 месеци до март годинава, соопшти вториот најголем превозник во Персискиот залив во првите објавени годишни резултати.

Државната компанија додаде 12 нови рути во периодот и стана првата авиокомпанија со летови до САД со „Airbus A350XWB“. „Qatar Airways“ планира да додаде 17 нови дестинации во тековната фискална година, вклучувајќи до Оукланд и Хелсинки.

Најбрзата стапка на раст на краток и среден рок се очекува да дојде од африканските и индиските пазари, очекува компанијата. Новите африкански дестинации, кои ќе бидат додадени во оваа година ги вклучува Лусака, главниот град на Замбија, како и Либервил во Габон. Јужна Америка и Кина продолжуваат да земат „силен основен раст“, вели авиокомпанијата.

„Qatar Airways“, заедно со останатите авиокомпании во Персискиот залив „Emirates“ и „Etihad Airways“, повеќе од една година е изложена на засилена контрола поради обвинувањата од американските конкуренти дека добива државни субвенции – тврдења кое и трите компании постојано ги негираат. Американските превозници „American Airlines“, „Delta Air Lines“ и „United Airlines“ ја повикаа администрацијата на Обама да одржат официјални преговори со Обединетите Арапски Емирати и Катар, за да го решат спорот.

Трошоците за гориво на авиокомпанијата се намалиле за 9,2 милиони риали од 12,8 милиони риал во минатата година, вели компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП