17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛондон веројатно е најскапиот град за возачите

Лондон веројатно е најскапиот град за возачите

mitsubishi london

Големите загадувачи во главниот град на Велика Британија плаќаат големи пари. Но истото важи и за сопствениците на електрични автомобили.

Во центарот на Лондон живеат повеќе од 7,5 милиони луѓе. Тоа сигурно значи и дека сообраќајниот метеж на дневна основа е многу голем. По примерот на другите големи градови, во прв ред – сандинавските, и властите на главниот град на Велика Британија сакаат да се ослободат од загадувањето на воздухот.

Па така сите оние кои сакаат да влезат до самиот центар на градот околу Бакингемската плата и музејот до 6 часот попладне мораат да платат надомест од 11,5 фунти. Но тоа не е се. Од 2017-та година сите возачи на автомобили кои не го исполнуваат „EURO4“ стандардот ќе мораат да платат дополнителни 10 фунти. Тоа значи дека повеќето возила кои се произведени пред 2005-та ќе бидат опфатени од новите мерки.

Тоа значи, дека љубителите на електрични автомобили и зелената технологија во Лондон ќе имаат големо финансиско ослеснување, зарем не?

Епа, не баш! Компанијата која ги гради станиците за полнење на батериите исто така најави нови давачки. 5 дополнителни фунти ќе мораат да платат сите возачи за само 20 минути користење на полнач. Тоа значи дека возилата ќе бидат способни да минат само 25 километри на електричен погон. Барем толку ќе мине „Mitsubishi Outlander“ хибрид – најпродаваниот модел од овој вид во Велика Британија. Кога се ќе се стави на хартија – за истата дестинација потребни се околу 2 фунти за гориво.

Меѓутоа, од компанијата пристигна објаснување дека побаруваката за електрични возила е во постојан раст, што значи дека мораат да градат нови станици и да ги обновуваат постоечките. Нормално, за тоа се потребни вложувања, па со самото тоа и нов терет за граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП