28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ја претстави новата генерација на мемориски картички

Samsung ја претстави новата генерација на мемориски картички

ufc sams 3

Мемориските картички се важен додаток на многу смартфони, таблети и други преносни уреди. Тие сепак веќе заостануваат во однос на напредокот на другите технологии и е време за нова генерација. „Samsung“ смета дека одговорот доаѓа во лицето на картичките „UFC“ (Universal Flash Storage) кои компанијата ги претстави, соопштува интернет изданието „The Verge“.

Картичките „UFS“ ќе се нудат во верзии со капацитет од 32GB, 64GB, 128GB и 256GB. Она што навистина ги разликува од „microSD“ картичките, е нивната брзина на трансфер на податоци. Таа е околу пет пати поголема во однос на онаа на „microSD“ и достигнува околу 530 MB во секунда. Тоа значи дека може да префрли датотека со големина од 5 GB за околу 10 секунди. На најновата верзија на „microSD“ и се потребни околу 50 секунди за истото.

Брзината при пишувањето на информации исто така е подобрена. Таа достигнува до 170 мегабајти во секунда, што е за околу 70% повеќе во однос на првите верзиите на „microSD“ во моментов, кои се користат од страна на професионалци и околу седум пати побрзо во однос на најмасовните модели.

Брзиот пренос на податоци ќе им овозможи и на самите уреди да работат многу побрзо и ефикасно. Освен тоа ги прави погодни за запишување и читање на големи количини информации, на пример 4К видео, виртуелната реалност и друго.

Единствениот проблем на „UFS“ е дека се уште нема ниту еден уред кој може да ги користи. Самите „Samsung“ засега не даваат детали за плановите, ниту за цените на новите картички. Историјата покажува дека новите стандарди влегуваат тешко, особено кога не се компатибилни со претходните, како што е случајот на „UFS“ наспроти „microSD“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП