28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМисури ќе тестира соларни патни панели

Мисури ќе тестира соларни патни панели

misuri 242

Министерството за транспорт во Мисури, сојузна држава во САД, најави планови за поставување соларни патни панели на патот Route 66 за да ги тестира.

Се работи за високотехнолошка алтернатива за асфалтот и бетонот, а тоа се шестаголни соларни панели кои ќе собираат сончева енергија и ќе ја праќаат во електричната мрежа. Панелите се опремени и со LED сијалички, кои може да се користат за ознаки на патиштата, како и пораки како оние за ограничување на брзината.

Предноста на новите панели е и таа што поседуваат грејачи за топење на снегот и мразот, па така ќе се заштеди на средства за одмрзнување во текот на зимата,

Се очекува првите соларни панели да се постават кон крајот на годинава. Министерството за транспорт се надева дека ќе го прошири проектот и на други патишта, а од јавноста ќе бара пари за поставување дополнителни панели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП