2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРоботот Чарли, нов пријател на децата заболени од дијабетес

Роботот Чарли, нов пријател на децата заболени од дијабетес

чарли

Роботот Чарли, производ на соработката на научници, инженери и професори од Холандија, Италија, Германија и Велика Британија, наскоро би требало да стане нераздвојниот пријател на децата заболени од дијабетес од типот 1.

„Што мораш да сториш ако се чувствуваш хипо?“, го прашува со механички глас малиот црвено-бел робот момченцето Рубен кој уште со седум години е способен самиот да си го измери нивото на гликоза во крвта, благодарејќи на својот нов пријател роботот Чарли.

Овој робот, кои умее и да зборува и да танцува, го подучува детето како да ги пресмета податоците кои можат да му го спасат животот.

Во Холандија секоја година се дијганостицираат 6.000 млади со дијабетес, а најмалку едно дете умира како последица од оваа болест.

„Болното дете и неговото семејство мислат на дијабетесот на секои десет или петнаесет минути“, појаснува Герт Јан ван дер Бург, педијатар во болницата „Gelderse Vallei“ во Еде во Холандија.

Роденденско честење или јадење во ресторан за брза храна, спортска активност или партија видеоигри, можат брзо да го поменат нивото на шеќер во крвта кај дете заболено од дијабетес. Родителите, па и самите деца, мораат во тој случај брзо да одлучат, да измерат, да ја пресметаат инјекцијата инсулин и нивото на шеќер во крвта. Грешка во дозирањето може да предизвика потење, вртоглавици или промени во однесувањето, па дури и кома.

Досега 40 деца имале можноста да работат со новиот автоматизиран пријател Чарли во рамките на тестирањето на роботот во Холандија, што е првата етапа од четиригодишниот проект кој се финансира со средства од Европската унија. Тестирањата, освен во Холандија, се извршуваат и во Италија.

Роботот е осмислен како тренер за деца од 7 до 14-годишна возраст, има очи во форма на џамлии и наместо уши звучници, а од децата бара да одговараат со „точно“ или „неточно“ на прашањата коишто им ги поставува со помош на таблет.

Креаторите на Чарли при дизајнирањето се воделе од идејата да „создадат лик кој ќе им овозможи на децата да се соочат со болеста, да ги научи што е дијабетесот и какви се ефектите од спортот или храната којашто ја земаат врз болеста“, вели Марк Нееренкс, научник од техничкиот универзитет во Делфт.

Проектот, чијшто официјален назив е „личен асистент за здрав начин на живот“, чини четири милиони евра и на него заедно работат Холандската агенција за истражување на применети науки, сродните институции како FSCR во Италија и DFKI во Германија, како и универзитетот во Делфт и Кралскиот колеџ во Лондон.

Соочени со тешкиот товар на дијабетесот, децата може слободно на роботот да му ги доверат своите чувства и искуства. „Чарли е мил, ме прашува да му раскажува за мене“, вели 10-годишната Софи Бојуксимске, кој која пред две години е дијагностициран дијабетес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП