29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА23 милијарди долари се замрзнати во британските фондови за недвижности

23 милијарди долари се замрзнати во британските фондови за недвижности

uk nedviznosti

На „Standard Life Investments“ му беа потребни седум дена по објавувањето на резултатите од шокантнотп британско гласање за членството во Европската унија (ЕУ), за да го стопира одливот од својот фонд за недвижности во Велика Британија за 2,9 милијарди фунти (3,8 милијарди долари). За инвеститорите кои сакаат да ги повлечат своите пари, се чини дека чекањето ќе е малку подолго, пишува „Bloomberg“.

Одлуката на „Standard Life“, е проследена од уште шест фондови кои владеат со имотните средства од над 15 милијарди фунти, а беше донесена за да се спречат масовните распродажби по примерот на оние кои за време на финансиската криза придонесоа за отпишувањето на 40% од цената на бизнис имотите и пустошејќи многу од нив. Години подоцна менаџери, меѓу кои „Grundinvest“ на германската „KanAm“ и „CS Euroreal“ на „Credit Suisse Group AG“, се уште продадваат имот.

Иако сличен драстичен пресврт се смета за многу малку веројатен во Лондон, инвеститорите во фондовите на недвижности се соочуваат со значителни загуби, ако сакаат да ги добијат средствата веднаш. „Aberdeen Asset Management“ ги предупреди некои од сопствениците на својот фонд од 3,2 милијарди фунти дека можат да ги добијат средства во понеделник, ако прифатат 17% попуст.

Плаќањата се можни, бидејќи Фондот на „Aberdeen“, заедно со замрзнатите фондови, оперирани од „Henderson Global Investors“, „Columbia Threadneedle Investments“ и „Standard Life“, се уште имаат позитивен готовински баланс, тврдат пред агенцијата лица кои се запознаени со оваа тематика.

Менаџерите на фондовите избираат да ја прекинат исплатата пред да изгубат ликвидност со цел да управуваат со подобар продажен процес и да ги заштитат штедачите кои сакаат да продолжат да инвестираат.

Менаџерите на замрзнатите фондови веќе ги замолија брокерите да им посочат најсоодветени кандидати за продажба, коментира шефот на „Knight Frank LLP“, Ник Брајбрук.

Имот за скоро 5 милиони фунти можат да бидат понудени веднаш, за да бидат задоволни желбите за исплата пресметува аналитичарот во „Jefferies LLC“.

Постојат купувачи, тенденција да почекаат во замена за поволни зделки, иако нема директен доказ дека вредноста на средствата паднала, коментира постар партнер во приватната компанија за управување со имотни фондови „Clearbell Capital LLP“, Маниш Шанде.

Аналитичарот на странските инвеститори, кои извлекуваат полза од девалвацијата на фунтата, ќе ја стимулира побарувачката. Овие купувачи обично бараат поголеми згради, кои менаџерите може и да не сакаат да ги продаваат. Затоа зделки за помали средства се поверојатни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП