5 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликацијата Snapchat драстично се менува

Апликацијата Snapchat драстично се менува

snapi 888

„Snapchat“ претстави нова опција – „Memories“ која би можела драстично да го промени начинот на кој функционира апликацијата.

Досега „снаповите“ можеa да се прикачуваат само во вистинско време, а се чуваат исклучиво како „screenshot“ на камерата на телефонот, а токму тоа ја издвојуваше апликацијата од многуте слични производи.

Меѓутоа, на таа ера, за жал и дојде крајот. Новата опција овозможува чување фотографии во апликацијата, како и прикачување стари слики во нови приказни.

Многумина сметаат дека со тоа е уништено темелното начело кое апликацијата ја правеше посебна и сакана – спонтаноста.

Се што на неа се случуваше го правеше вистинско и автентично, а сега би можела да се претвори во нов „Instagram“ или „Facebook“. Нa „Snapchat“ никој не сакаше да види едивидентирана фотографија од Шпанија од пред три месеци, за тоа веќе постојат бројни други друштвени мрежи.

Причината за воведување на новата опција сепак беше очигледна. Имено, можноста за да се прикачуваат повеќе содржини отвора повеќе простор за реклами, а тао е само продолжение на политиката која во компанијата почна да допира пред уште три години, кога започнаа „replay“-те да се продаваат по еден долар.

Како новата опција ќе се одрази на корисниците, останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП