Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди дека во Европската унија (ЕУ) би можела да избувне војна на даночните стапки во која земјите членки би ги намалувале даноците на добивка на компаниите како одговор на Брегзит и најавата на Британија дека ќе го намали корпорацискиот данок.
Ако Британија го намали данокот на 15%, ќе има најниска стапка меѓу водечките економии. Шојбле истакна дека не е против фискалната конкуренција, но дека мора да биде фер, додека во ОЕЦД велат дека Британија, ако продолжи со кастрење на данокот, би можела да се претвори во економија од типот на „даночен рај“.
Во меѓувреме и Франција планира намалување на данокот на добивка на компаниите, како и бројни други мерки, во главно во сферата на данокот, со цел по одлуката на Британија за излегување од ЕУ да ги привлече странските инвеститори и да направи од Париз нов финансиски центар на Европа.