17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren работи на конкурент на Panamera

McLaren работи на конкурент на Panamera

mcll3

Британскиот производител на суперавтомобили „McLaren“ започнува со работа за создавање на четири возила, кои ќе мора да се натпреварува со моделот „Ferrari GTC4Lusso“, како и со „Porsche Panamera“.

Тоа го призна во интервју за „Motoring“ еден од топ-менаџерите на компанијата Данкан Форестер. Според него раководството на компанијата е убедено во создавањето на сличен модел, но не е сигурно дали тој ќе биде посакуван доволно поради високата цена.

Во „McLaren“ сметаат дека новиот автомобил треба да биде дел во една од три веќе постоечки семејства на модели кои ги нуди производителот. Тоа се основните суперавтомобили „Sports Series“, поспортската „Super Series“ и најскапите и екстремни „Ultimate Series“. Значи, ако биде создадена, машината ќе ја користи основата на некој од нив, најверојатно на продолжената верзија на „McLaren 570S“.

Данкан Форестер исто така ги демантираше тврдењата дека компанијата планира да направи кросовер, кој ќе се продава под брендот „McLaren“.

„Ние сме најдобриот производител на двоседи за спортски автомобили во светот и едвај некој од нашите клиенти ќе дојде да си нарача теренец“, објасни топ-менаџерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП