Жителите на седум од девет европски држави, од кои осум засега се членки на ЕУ, би сакале да живеаат надвор од Европската унија, во Швајцарија! Тоа е резултат од истражувањето на група научници од Универзитетот во Женева.
Германците, Французите, Британците, Италијанците, Шпанците, Швеѓаните и Грците, на листата се изјасниле за Швајцарија, за која сметаат дека има најдобри услови за живот. Совршениот просек на Швајцарија го „расипаа“ жителите на Полска, за кои најдобра, помалку и очекувано, е Германија, како и самите жители на Швајцарија, кои својот глас го дале на Шведска.
Токму Шведска оствари совршен резултат во изјаснувањето на овие жители во државите во кои подобро се живее, отколку во нивната. Така Германците и Швајцарците се изјасниле дека е подобро во Шведска, Французите во Шведска, Германија и Велика Британија, а Италијанците завидуваат на условите за живот во Шведска, Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија и Полска. Швеѓаните пак, сметаат дека само во Германија е подобро, отколку кај нив.
Од друга страна, совршено катастрофален скор има Грција. Жителите на овие девет држави, вклучувајќи ги и самите Грци, оценија дека најлошите услови за живот се токму во Грција.