3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХиперавтомобилот на Aston Martin и Red Bull е подготвен (фото+видео)

Хиперавтомобилот на Aston Martin и Red Bull е подготвен (фото+видео)

redbull aston 01

Компанијата „Aston Martin“ го претстави прототипот на хиперавтомобилот „AM-RB 001“ развиена во соработка со компанијата „Red Bull“ и нејзиниот главен инженер Адријан Нуи.

Премиерата на автомобилот, кој ќе се појави во ограничен тираж, беше спроведена во седиштето на британскиот производител во Хајден.

redbull aston 00

Според зборовите на шефот на „Aston Martin“ – Енди Палмер, серискиот автомобил ќе биде максимално близок до прототипот, но е можно да има минимална разлика во димензиите. Хиперавтомобилот добил целосна карбон конструкција, а односот моќност/тежина е 1:1. Единственото место за патник во кабината е поставено зад тоа на возачот.

redbull aston 02

Машината претставува купе со средно поставен атмосферски „V12“ мотор и систем „KERS“. Сега агрегатот е со зафатнина од 7,0 литри, кој развива над 800 КС, и се наоѓа во „Aston Martin Vulcan“. Од компанијата не ги откриваат технички детали за „AM-RB 001“, но се очекува хибридниот систем да има повеќе од 1000 КС.

redbull aston 03

Во моментов во „Aston Martin“ планираат да произведат до 150 стандардни модели и 25 машини наменети за тркачка патека. Интерес кон овој автомобил пројавиле над 200 клиенти, а се очекува неговата цена да биде околу 3,3 милиони евра.

Производството на „AM-RB 001“ ќе стартува во 2017-та година, а првите сопственици ќе ги добијат своите примероци во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП