12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackberry запира со производството на моделот Classic

Blackberry запира со производството на моделот Classic

clasik 333

„Blackberry Limited“ објави дека престанува да ги произведува своите уреди со физичка тастатура „Blackberry Classic“ – како дел од напорите на компанијата да ја обнови линијата на смартфони.

„Подготвени сме за оваа промена, за да можеме да им понудиме на нашите клиенти нешто подобро“, рече Ралф Пинин, КОО и генерален менаџер во „BlackBerry“. Според Пинин за компанијата e „многу тешко“ да престане со производството на уредот, но оваа промена ќе го отвори патот за нови и подобри искуства за клиентите.

„Blackberry“ чувствуваше сериозни тешкотии во последните години во позадина на намалувањето на уделот на компанијата која го насочи фокусот кон услугите на корпорации и владини агенции.

Одделно, од Сенатот на САД најавија дека ќе се откажат од уредите на „Blackberry“ во корист на смартфоните на „Apple“ и „Samsung“, откако од „Blackberry“ информираа дека мобилните оператори „AT & T“ и „Verizon“ дека ставаат крај на производството на сите смартфони „Blackberry“ со оперативен систем „OS 10“.

„И покрај сите мои напори да му објаснувам на светот дека ние сме многу повеќе од компанија за телефони, секој збор што го добивам е за телефони“, изјави минатата недела извршниот директор Џон Чен.

„Blackberry“ ќе продолжи да го ажурира софтверот „Blackberry 10“ со верзија „10.3“ веќе следниот месец и со второ ажурирање во следната година. Чен најави во мај пред „CNBC“ дека компанијата планира да претстави два нови паметни телефони до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП