19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро робот кој ќе го паркира возилото странично

Наскоро робот кој ќе го паркира возилото странично

паралелно

Макотрпното паралелно паркирање на автомобилите наскоро може да замине во историјата, бидејќи кинеските научници развиваат робот кој тоа ќе го прави наместо нервозните возачи.

Ласерски наведуваниот робот именуван засега како „Geta“ ќе се лизне под автомобилот, ќе го подигне, ќе пронајде место за паркирање и ќе го смести дури и во најтесниот простор. Тој го пронаоѓа просторот емитувајќи сигнали до компјутер со мапа, а тој потоа го упатува на соодветното место.

За совршено паркирање на роботот ќе му бидат потребни околу две минути, не му е потребна посебна патека, има мобилност од 360 степени и многу подобро го користи просторот од секој човек, велат неговите творци од компанијата „Yeee Fung Automation Technology“ во кинески Шензен.

„Роботот е дизајниран да го зголемува просторот за паркирање“, вели директорот на компанијата, Марко Фу. Додава дека роботот ќе чини околу 150.000 американски долари, и дека многу кинески мегалополиси веќе се заинтересирани за него.

Според процените, Кина до 2020 година ќе има 200 милиони автомобили повеќе отколку денес, што значи дека ќе биде сé потешко да се најде место за паркирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП