7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen предложи посебен Touareg (фото)

Volkswagen предложи посебен Touareg (фото)

poseben touareg

Сегашната генерација на премиум теренецот на „Volkswagen“ старее и постепено се приближува кон крајот на својот животен циклус. Последниот дотерување на моделот беше во 2014-та година, но и по него теренецот продолжува да ужива стабилен интерес во премиум-сегментот. Се очекува со помош на новата специјална верзија – „Executive Edition“, овој тренд да се задржи.

Над теренецот овој пат работеле не само инженерите и дизајнерите од „Volkswagen Group“, но и сомелиери (познавачи на вина). Автомобилот доаѓа во посебна боја „Malbec Red“ која се однесува на француската сорта грозје „малбек“ и се користи за правење на црвени вина.

poseben touareg1

Сликата се довршува со затемнетите прозорци и затемнетите задни светла, а исто така и 20 и 21-инчните бандажи „Mallory“ насликани во црно.

Единствената шема на бои продолжува и во внатрешноста, кој е направена од црна кожа „Nappa“. Седиштата се поделени, а предниот панел е украсен со елементи од дрво. Во листата со стандардна опрема влегуваат електрични подесувања на седиштата кои имаат функции за греење, масажа и вентилација.

poseben touareg2

Специјалната верзија е достапна како со основниот дизел „V6“ мотор кој развива 204 КС, така и со неговата помоќна верзија која развива 262 КС.

Првично „VW Touareg Executive Edition“ ќе се нуди само на пазарите во Европа, но не е исклучено подоцна да се појави и на други континенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП