30 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој, колку продаде во првите 5 месеци од годинава

Кој, колку продаде во првите 5 месеци од годинава

carsale 00

Водечките брендови на светските пазари – „Toyota“, „Volkswagen“ и „Ford“, ги задржуваат своите позиции по првите 5 месеци од годинава, а брендовите како „Mercedes“, „Hyundai“ и „Renault“ забележаа најбрзо зголемување во обемот на продажба.

Почетокот на годината беше доста слаба за автомобилските пазари, продажбата падна во многу од регионите во светот, вклучувајќи ги Јужна Америка, Азија, Блискиот Исток, Африка и земјите од поранешниот СССР. Во втората третина работите се променија и така за првите 5 месеци се продадени вкупно 37.900.000 возила, што е за 2,7% или со 1 милион повеќе од истиот период од 2015-та година.

„Toyota“ останува најпопуларниот бренд на планетата, а до крајот на мај продала 3.441.399 примероци (зголемување за 0,7%). На втората и третата позиција се „Volkswagen“ и „Ford“ – односно 2.723.341 (-1,7%) и 2.574.283 (+ 3,8%) продадени возила.

На четврто и петто место се марките „Nissan“ и „Hyundai“. Јапонцине успеаја да продадат 2.010.363 милиони автомобили во периодот што е зголемување за 1,5%. Кај корејскиот концерн резултатот е 1.966.857, остварувајќи пад од 0,8%.

Топ 10 марките според продажбата за првите 5 месеци:

carsale 01

Најголем раст на продажбата покажуваат последните два бренда во првата десетка. „Renault“ успеа да постигне резултат од 934.207 примероци за првите 5 месеци, што е за 13,1% повеќе од 2015-та година. Веднаш потоа е „Mercedes-Benz“ со 918.571 (зголемување за 12,1%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП