6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците на Apple трошат повеќе пари на апликации од корисниците на Android...

Корисниците на Apple трошат повеќе пари на апликации од корисниците на Android уредите

baj3 5

Истражувањето на компанијата „AppsFlyer“ уште еднаш го потврдува веќе добро познатиот податок дека корисниците на „Apple“ уредите се подготвени да одвојат повеќе средства за купување на мобилни апликации од корисниците на „Android“ уредите.

Според ова истражување, корисниците на „Apple“ уредите во просек трошат два и пол пати повеќе средства за купување на апликации од корисниците на „Android“ уредите, или во однос на вредноста од 1,08 наспроти 0,43 американски долари по корисник (во корист на корисниците на уредите на „Apple“).

Истражувањето кое го има официјалното име „State of In-App Spending“ опфаќате повеќе од 100 милиони корисници и преку 1000 мобилни апликации.

Исто така, околу 50% од просечните корисници на „iOS“ платформата извршуваат купување внатре во апликацијата. При едно купување, корисниците на „iOS“ во просек трошат 12,77, a корисниците на „Android“ уредите 6,19 долари (треба да се напомене дека во истражувањето се пресметани и трошоците настанати преку апликациите за купување на производи). Околу 7,1% корисници на „iOS“ секој месец оствартуваат барем по една трансакција поврзната со мобилните апликации, додека 4,6% од корисниците на „Android“ уредите го прават овој чекор.

Корисниците во Азија на мобилните апликации издвојуваат 40% повеќе средства од корисниците во останатите региони од светот. Мешаниот просек за купување внатре во игрите е дури 0,32 долари за двете платформи, додека внатре во апликации се троши во просек 2,68 долари месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП