7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa добива нов главен финансиски директор

Lufthansa добива нов главен финансиски директор

luf ibm

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ го назначи Улрике Свенсон за нов главен финансиски директор, кој ќе ја преземе функцијата од Симоне Мене, кој ја напушта позицијата во август во позадина на напорите на авиопревозникот да застане на постабилна финансиска основа.

Свенсон, кој во моментов е извршен директор на шведската инвестициска компанија „Melker Schörling AB“, ќе ја преземе новата позицијата од 1-ви јануари 2017-та година, соопштија од најголемата германска авиокомпанија.

Новото засилување на „Lufthansa“ ја заземал функцијата управен финансиски директор и „CFO“ на „Swiss International Air Lines“ и играл клучна улога во процесот на стекнување на компанијата од страна на „Lufthansa“.

Германскиот авиопревозник се обидува да ги намали трошоците и да ја зголеми својата конкурентност. Компанијата губи удел на пазарот во бизнисот на кратки растојанија од конкурентите, како „Ryanair Holdings“ и „easyJet“, а „Emirates Airline“ и „Qatar Airways“ ги привлекуваат патниците на долги растојанија до Блискиот Исток.

Компанијата најави во јуни дека Мене ќе ја напушти функцијата, додавајќи дека главниот извршен директор Карстен Шпор ќе ја извршува функцијата на финансиски директор, додека Свенсон не ги преземе обврските во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП