2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтојановски: Балкан Петролеум испорача банкарска гаранција од 47,5 милиони евра

Стојановски: Балкан Петролеум испорача банкарска гаранција од 47,5 милиони евра

mp

Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, која што на 09.06.2016 објави намера за преземање на Макпетрол АД Скопје, денес 04.07.2016 преку својот полномошник Петар Стојановски извести дека на 01.07.2016 е испорачана банкарска гаранција врз основа на договор склучен со Централен Депозитар за хартии од вредност на Република Македонија.

“Банкарска гаранција е издадена од UBS Zurich Швајцарија на износ од 47.500.000 евра и истата е пристигната во НЛБ  Банка од каде што е подигната од овластено лице од депозитарот на 01.07.2016 година. Преку оваа трансакција компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ги демантираше сите невистини и коментари кои деновиве кружеа низ јавноста, а беа поврзани со нејзината несериозна намера за преземање на Макпетрол”, се вели во соопштението.

Од таму велат дека следен чекор на тимот за преземање на компанијата Макпетрол е финиширањето на потребните документи за комплетирање на каталогот со информации за преземачот до Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, а предавањето е најавено за оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП