6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDell престанува co користењето и одржувањето на Android

Dell престанува co користењето и одржувањето на Android

del3599

Иако не беше меѓу најактивните учесници во сегментот, „Dell“ го напушта целосно светот на „Android“. Компанијата престанува да произведува уреди со платформата на „Google“, како и да ја одржува понатаму, соопштува интернет изданието „ZDNet“.

Наместо тоа „Dell“ ќе се насочи целосно кон уредите со „Windows“, така што гледа голем потенцијал за нивниот развој. Компанијата ја потврдила одлуката за списанието „PCWorld“. Според неа пазарот на таблети е презаситениот, а интересот на корисниците на таквите уреди со „Android“ веќе го достигна максимумот и дури се намалува. „Dell“ смета дека не е профитабилно да продолжува да произведува и да одржува слични уреди.

За сметка на тоа, интересот на потрошувачите постепено се пренасочува кон хибридните модели. Тоа се уреди кои можат да се користат и како полноправни лаптопи, така и како таблети со одвојување на екранот од тастатурата. Според „Dell“ платформа за овие уреди е „Windows“ и компанијата ќе се насочи целосно кон овој оперативен систем.

Корисниците на уреди на „Dell“ со „Android“ ќе продолжат да добиваат техничка и гаранциска поддршка. Компанијата сепак нема да пушта надградби за овие уреди и ќе ги остави на доизживување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП