8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХемиската индустрија наскоро ќе оствари нов рекорд според обединувањата

Хемиската индустрија наскоро ќе оствари нов рекорд според обединувањата

hemi355

Рекорд според обединувањата во хемиската бранша. Охрабрена од мега трансакциите, обемот на спојувања и превземања во индустријата во првата половина на годината, го достигна обемот од 136,7 милијарди долари. Ова станува јасно од студијата на компанијата за ревизорски и консултантски услуги „Price Waterhouse Coopers“ (PWC).

Сумата е за една третина поголема од онаа од минатата година.

Досега ваква висока сума не е остварена за едно полугодие, сметаат експертите. Надминати се рекордните нивоа за цела година за периодот 1998-ма до 2014-та година, а само во 2015-та година е забележана повисока сума – 230 милијарди долари.

Ако досегашниот тренд се задржи, тогаш според „PWC“, 2016-та година може да се претвори во годината со најскапите трансакциите за стекнување на компании во секторот. Ова делумно се должи и на планираната набавка на американскиот специјалист за посеви „Monsanto“ од страна на германскиот фармацевтски и агрохемиски концерн „Bayer“.

Производителот на семиња „Monsanto“ два пати ги отфрли понудите на „Bayer“ за 122 долари по акција, што преговорите ги доведе до ќорсокак. Главниот извршен директор на германскиот фармацевтски гигант Вернер Бауман сепак минатата недела сигнализираше дека преговорите повторно се одржуваат.

Спојувањето на „Monsanto“ со компанијата која го создала аспиринот, ќе ги спои брендовите како „Roundup“ – најпопуларниот хербицид на „Monsanto“, и „Sivanto“ – новиот инсектицид на „Bayer“.

Бранот на зделки веќе ја менува хемиската индустрија за семе и култури. Во февруари „Chinese National Chemical“ договори купување на „Syngenta“ за околу 43 милијарди долари, неколку месеци од кога „Monsanto“ се откажа од својата понуда кон швајцарската компанија. „DuPont“ и „Dow Chemical“ исто така, планираат да се спојат во зделка вредна 65,6 милијарди долари и да создадат нова единица за истражување на култури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП