27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ja запира апликацијата за вести Paper

Facebook ja запира апликацијата за вести Paper

facebook-paper33

„Facebook“ објави дека става крај на својата апликација за вести „Paper“. Таа беше пуштена во 2014-та година како алтернатива на главната апликација на „Facebook“ и беше фокусирана главно врз прикажувањето на статии, а не толку на статуси и публикации на пријатели од социјалната мрежа, пишува „Engadget“.

Колку и да е неочекувана за многумина оваа порака, тоа не е толку шокантно, со оглед дека пред една година „Facebook“ ја затвори „Creative Labs“, тимот од дизајнери, кој стои зад „Paper“.

Според пораката што се прикажува во апликацијата, достапна само во оперативниот систем „iOS“, услугата нема постои од 29-ти јули.

„Знаеме дека „Paper“ навистина ви се допадна – на вас, кои ја користите“, пишува во пораката. „Се обидовме да го земеме најдоброто од неа и да го вградиме во главната апликација на „Facebook“.

„Во 2014-та година започнавме со „Paper“, одделна апликација создадена за да им даде на луѓето нови начини да се откријат и споделат приказни од пријатели и извори, кои се сметаат за важни. Денес објавуваме дека заврши одржување на апликацијата и корисниците нема да можат да влезат во неа по 29-ти јули“, коментираат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП