
Британската марка „Noble“ го искористи Фестивалот на брзината во Гудвуд, за да ја покаже сериската верзија на спортскиот роудстер „Noble M600 Speedstar“.


Британската марка „Noble“ го искористи Фестивалот на брзината во Гудвуд, за да ја покаже сериската верзија на спортскиот роудстер „Noble M600 Speedstar“.
Под хаубата на автомобилот е поставен 4,4-литарски би-турбо V8 мотор кој развива моќност од 650 КС и 880 Нм вртежен момент. Моторот е направен од „Yamaha“ и беше поставен на една од модификациите на првата генерација на „Volvo XC90“.

Агрегатот се комбинира со 6-брзински секвенцијален менувач, но како опција се нуди и рачен менувач исто со 6 брзини. Ова му овозможува на роудстерот со заден пренос да забрза од 0 до 100 км/ч за само 3 секунди.
Продажбата на „Noble M600 Speedstar“ ќе стартува, дури откако моделот ги помине сите потребни за сертификации од краш-тестовите. Се очекува тоа да се случи до крајот на оваа година.

Цена на автомобилот ќе биде 220.000 британски фунти или околу 305.000 американски долари.