6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАмериканец тврди дека прв го измислил ајфонот и има скици од уредот

Американец тврди дека прв го измислил ајфонот и има скици од уредот

фиур

Американецот Томас Рос тврди дека тој прв го измислил ајфонот (iPhone) и бара од Apple 7,5 милијарди долари отштета.

Американецот од Флорида своите тврдења ги поткрепува со цртежи на кои е прикажан електронски читач што е замислен како прегледник на слики, видеа, филмови и друго, а би имал и комуникациски опции.

Неговиот уред исто би се напојувал со помош на батерија, а е со квадратен облик со заоблени агли. Рос барањето за патент го побарал во 1992 година, но бил одбиен бидејќи не ги платил сите потребни такси, пренесува MacRumors.

Освен 7,5 милијарди долари, Рос од Apple бара и 1,5% од севкупната продажба на уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП