7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone размислува да го пресели седиштето надвор од Велика Британија

Vodafone размислува да го пресели седиштето надвор од Велика Британија

voda 33

Телекомуникациската компанија Vodafone предупреди дека би можела да го пресели своето седиште надвор од Велика Британија, во зависност од исходот на британските преговори за напуштање на Европската унија(ЕУ), објавија во среда британските медиуми.

Телекомуникацискиот гигант објави во соопштение дека е важно да се задржи пристапот на слободното европско „движење на луѓето, капиталот и стоката“. Прерано е да се „извлечат било какви цврсти заклучоци за долгорочната локација на седиштето“, порача Vodafone и истакна дека ќе „донесе соодветна одлука“.

Минатата недела извршниот директор на компанијата Виторио Колао рече за ББЦ, во пресрет на референдумот, дека Британија ризикува исклучување од плановите за голем нов единствен пазар на дигитални услуги доколку ја напушти ЕУ.

Утрово во електронска пошта до медиумите Vodafone порача дека членството во ЕУ, вклучувајќи и слободно движење на луѓето, помогна во поттикнувањето на неговиот раст.

Овој телекомуникациски гигант вработува 13.000 луѓе во Велика Британија, а седиштето на групацијата е во Лондон.

Vodafone објави дека 55 отсто од добивката на групата во изминатата финансиска година дошло од европските бизниси, а само 11 од британските. Компанијата, исто така, ќе почне да известува за своите финансиски резултати во евра, а не во фунти.

На тој начин Vodafone се приклучи на листата компании, меѓу кои се и Visa и easyJet, кои размислуваат да ги преселат седиштата од Велика Британија.

Од тие причини, ББЦ го поставува прашањето дали по одлуката за ‘Brexit’ следи ‘Brexodus’?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП