14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПонудата на „Аџос ГМБХ“ избрана како најдобра за откуп на косовскиот пост...

Понудата на „Аџос ГМБХ“ избрана како најдобра за откуп на косовскиот пост телеком

20130414-174049.jpg

Комисијата за оценување на понудите за приватизација на косовскиот пост телеком, ПТК за најдобар понудувач на тендерот ја прогласи Компанијата „Аџос“, која е дел од конзорциумот „Најафи Компанис”.

– Компанијата „Аџос”, која е дел од конзорциумот „Најафи Компанис” за 75 отсто од акциите понуди 277 милиони евра, додека компанијата „М1 Интернатионал”, 150 милиони и десет илјади евра. Победничката понуда ќе ја доставуваме до владата која треба да го даде последниот збор, изјавија од Комисијата за порталот Индексонлајн, јави допосникот на МИА.

„Аџос Капитал Партнерс” е акционерско инвестициско друштво на меѓународни инвеститори на технологија и телеком со седиште во Хамбург, Германија. „Најафи Компанис ЛЛЦ” е меѓународна приватна фирма на инвестиции со седиште во Аризона, САД. Таа има инвестиции во секторот медиуми,технологија, енергетика, индустрија и недвижен имот во САД, Европа и други земји во светот, наведува Индексонлајн.

Околу начинот на продажба на Пост телеком остро реагирал првиот косовски парламентарец, Јакуп Красниќи. Тој смета дека целиот процес бил полн со нерегуларности , од почетокот до отворањето на понудите, вклучувајќи ја и цената.

– Истражните органи во иднина имаат работа за да верификуваат како е направена оваа приватизација, изјави Красниќи. Истрага околу начинот на приватизацијата на ПТК побара и Движењето „Самоопределување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП