Американскиот производител на спортска опрема „Nike“ го прекина долгиот период на силен раст во својот роден регион – Северна Америка, откако забележа забавување на растот во последниот квартал.
Профитот на компанијата за спортска опрема падна за 2% во Северна Америка, а приходите остануваат непроменети во позадина на битката на компанијата со слабата продажба и силната конкуренција во лицето на „Adidas“ и „Under Armour“.
Фјучерс договорите за Северна Америка се зголемуваат со 6% за производи, закажани за испорака во следните шест месеци, во однос на растот од 13% една година порано и зголемување од 10% во претходниот квартал.
Продажбата на производите од сегментот „Џордан“ на кошаркарската ѕвезда Мајкл Џордан се зголемуваат за 18% до 2,8 милијарди долари за фискалната година, завршена на 31-ви мај, а продажбите на кошаркарскиот сегмент на „Nike“ паѓаат за 1% до 1,40 милијарди долари.
На 31-ви мај „Nike“ забележа добивка во износ од 846 милиони долари, што е помалку во однос на 865 милиони долари, една година порано. Приходите беа во износ од 8,24 милијарди долари наспроти 7,78 милијарди долари во истиот период од претходната година. Во Северна Америка, приходите на компанијата се зголемија за 0,1% до 3,74 милијарди долари.
Акциите на компанија забележаа пад од 3,8 отсто или до 51,05 долари, а до вчера тие загубија 15% од почетокот на годината.