5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Brexit ќе го намали растот во еврозоната во следните три години

Драги: Brexit ќе го намали растот во еврозоната во следните три години

mario dragi 333

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави дека одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (т.н. Brexit) ќе го забави економскиот раст во еврозоната со меѓу 0,3 и 0,5 процентни поени во следните три години, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на претставник на европските институции.

Претходно овој месец, пред референдумот во Британија, ЕЦБ прогнозираше дека економијата на еврозоната ќе се зголеми за 1,6% во оваа година и 1,7% во следните две.

Растот ќе биде погоден од веројатното одложување во Велика Британија и ќе доведе до пад во трговијата со Островот, кој е еден од главните трговски партнери на монетарната унија, предупреди Драги.

Според зборовите на Драги растот во еврозоната најверојатно ќе биде погоден и од повисоката цена на капиталот, генерирана од ниските цени на акциите. На првата средба на лидерите од ЕУ претседателот на ЕЦБ изјави дека има опасност по „Brexit“, ЕУ веќе да изгледа своеволно за луѓето надвор од Европа.

Драги ги повикал владите да вложат заеднички напори да се справат со овие проблеми и со ранливоста во банкарскиот сектор.

Денес завршува Европскиот совет во Брисел, како и тридневната конференција на ЕЦБ во Синтра, Португалија, каде економистите дискутираа за иднината на монетарната политика. Марио Драги стана уште еден централен банкар, кој повика на повеќе меѓународна соработка со цел да се елиминираат несаканите ефекти од комбинацијата на активизам во монетарната политика и поблиските глобални финансиски врски.

„Треба да размислиме не само дали внатрешната монетарна политика е соодветна, но и дали оваа политика е добро прилагодена во различни јурисдикции“, рече Драги за време на форумот во Синтра. „Во глобализираниот свет има разлика каква е мешавината од глобалните политики“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП