21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦигарите од петок поскапуваат за три денари

Цигарите од петок поскапуваат за три денари

cigari2990

Доколку производителите не решат да ја компензираат, со намалување на бројот на цигарите во пакување, од петок, 1 јули, цената на цигарите во Македонија треба да се зголеми за три денари.

Зголемување на акцизата за три денари по кутија се предвидува за последен пат ова лето, а од следниот 1 јули, цигарите секоја година ќе поскапуваат по четири денари за кутија.

Ваквиот тренд на зголемување на цената во наредните години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари, која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.

Зголемување на цената на цигарите последен пат беше направенo во февруари годинава, кога цигарите поскапеа за пет денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП