Овен (21.03 – 20.04)
Нагласеното астролошко поле на парите и работата ве прави многу ангажирани, иако вие се обидувате да ги избегнете обврските кои не ги сакате. Можно е појавување во јавност на некој собир на лица кои не ги цените доволно или кои малку ве нервираат. Можете да очекувате поволен развој на ситуацијата на работа.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе следи поддршка од другите за она што го работите, но со неа ќе дојде и потребата да изреагирате или да ја искристализирате целата работа. Ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале, само ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се повеќе ќе се интересирате за финансии или нови работи кои би можеле да ги зголемат приходите во работењето. Ќе направите нови планови во таа насока. Ќе се борите за поддршката на другите да ги поттикнете или барем да ги насочите. Нешто ќе ви успее.
Рак (22.06 – 22.07)
Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работните обврски. Некоја порака ќе ве расположи дополнително.
Лав (23.07 – 22.08)
Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, односно за некој посериозен чекор напред.
Девица (23.08 – 22.09)
На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе имате спротивставени реакции денес, во ситуации во кои не се чувствувате најпријатно. Ќе имате неуспешни замисли во креативната работа, љубовниот интерес или заради тежината на одговорностите кои ви следат. Ако се соочите со реалноста може да си помогнете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Заинтересирани сте, но сепак, не ќе можете се одеднаш да реализирате. Овој ден ви носи некои новости. Пред се на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои сте одамна заинтересирани, но не можете да прифатете дополнителна работа на која нема да можете професионално да одговорите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денот е како создаден за тајна љубов. Ќе бидете подготвени кога љубовта е во прашање и доколку имате тајна симпатија ќе најдете време да се сретнете со неа. Оние кои се подолг период во врска или во брак ќе имаат впечаток дека претерано се жртвуваат за партнерот или дека во се му попуштаат.
Јарец (22.12 – 20.01)
Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Но и финансиите исто така, затоа не се опуштајте премногу во трошењето.
Водолија (21.01 – 19.02)
Планирањето на трошоците е во ред, но понекогаш треба да си пружите и по некое задоволство. Денес планетите ќе ве поттикнат да го прославите вашиот личен успех. Не седете со скрстени раце и соберете ги пријателите и колегите. Преземете ја лидерската функција во организацијата и направете сите да ве следат вас.
Риби (20.02 – 20.03)
Денеска очекувајте стрсови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете.