7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо за два дена Brexit ги зголеми загубите на пазарите до 3...

Само за два дена Brexit ги зголеми загубите на пазарите до 3 илјади милијарди долари

berza zagbu3888

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ) е скапа не само на еден начин, пишува „CNBC“.

Помеѓу петокот и понеделникот глобалните финансиски пазари забележаа загуба од повеќе од 3 илјади милијарди долари од вредноста, покажуваат податоците на „S & P Global“. Тоа е најголемата загуба, регистрирана некогаш.

За споредба – избришаните количини на пазарите само во последните две трговски сесии далеку ги надминуваат загубите од трговијата за време на финансиската криза од 2008-ма година, тврди аналитичарот од „S & P“, Хауард Силверблат.

Речиси 1,3 илјади милијарди долари се избришани само од вредноста на американските пазари.

Во понеделникот индексот „Dow Jones Industrial Average“ се намали за 1,5%, но се претстави подобро во споредба со британскиот „FTSE 250“, кој се распадна со речиси 7 отсто. Британската фунта е губитничката од сите, така што достигна нов 31-годишен минимум.

Аналитичарот во „Capital Economics“, Џулијан Џесеп вели дека покрај зголемената нестабилност „ќе биде погрешно да заклучиме дека светот е на работ на нова глобална финансиска криза. Всушност дури и паѓањето на курсот на фунтата во однос на доларот е помалку драматичен кога ќе се погледне во правилен контекст“. Аналитичарот наведува дека најефикасниот девизен курс е правилно оценет.

Дури и богатите не беа поштедени од овие случувања. Според индексот на „Bloomberg“, надгледуваното богатството на 400 милијардери, нивната благосостојба се намалила за вкупно 127 милијарди долари во петокот и со 53 милијарди долари во понеделникот.

Многумина го одредуваат „Brexit“ како најголем глобален монетарнен шок од 2008-ма година, а настанот може да се покаже како пресвртна точка која може да стане постојното забавување на растот во 2016-та година во глобалната економија.

Покрај тоа зголемената побарувачка на средства како засолништа ја надминува понудата, што значи дека валути како јенот и доларот, како и државните хартии од вредност и златото, најверојатно ќе продолжат да поскапуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП