7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 12 месеци во Грција се затворени 26 илјади фирми

За 12 месеци во Грција се затворени 26 илјади фирми

1124

За една година, откако во јуни минатата година во Грција беше наметната контрола на капиталот, се затворени 25.990 претпријатија, а од почетокот на оваа година таа бројка изнесува 15.409 претпријатија.

Во рамките на овој период, пак, пад со околу 3.000 во споредба со претходните години го означува формирањето на нови претпријатија и фирми.

Ова го покажува билансот од воведувањето на капитална контрола во Грција, направена денес од грчкото издание „Имерисија“ и цитирана од агенциите.

Весникот наведува дека утре е една година од „црната годишнина“ и дека загубите за грчката економија се проценува на илјадници затворени мали и средни претпријатија, намалена конкурентност, пад на извозот и одлив на капитал од банкарските депозити поголеми од 121,5 милијарди евра.

Банкарите се надеваат дека до крајот на годината во Грција е можно да бидат укинати сите или речиси сите капитални ограничувања.

Минатиот јуни контролата ја ограничи количината на пари кои можат да бидат повлечени од банки, до 420 евра неделно. Целта на оваа контрола беше да се запре повлекувањето на депозити што се закани да го уништи банкарскиот систем, додека Грција водеше тешки преговори со меѓународните кредитори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП