1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel размислува за продажба на бизнисот за сајбер безбедноста

Intel размислува за продажба на бизнисот за сајбер безбедноста

intel baza20

„Intel“ размислува за продажба на својот бизнис со сајбер безбедноста, кој го купи пред речиси шест години за 7,7 милијарди долари.

Компанијата со банки го разгледува прашањето за иднината на „Intel Security“, вклучувајќи ја потенцијалната продажба на инвеститорот на антивирусен софтвер, некогаш познат како „McAfee“, тврдат извори запознаени со прашањето.

Производителот на чипови го купи „McAfee“ во 2010-та година, за да ги искористат нејзините функционалности за сајбер заштитата на чиповите, ветувајќи дека тие ќе можат да ги откриваат многу подобро заканите. Досега, сепак „Intel“ се уште не направила ништо во врска со тоа.

Таа ја преименува фирмата во „Intel Security“, но го задржи брендот „McAfee“ за некои од нејзините производи.

Компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија, одбива да даде коментар во врска со ова прашање.

Истовремено таа го насочува фокусот кон области кои имаат поголем потенцијал за раст, како чиповите, хардверот за центри за податоци, како и кон поврзување со интернет уреди. Причината за оваа одлука е фактот дека пазарот на компјутери се стеснува.

Послабата продажба на персонални компјутери и нанесоа удар на компанијата, која најави дека планира оваа година да отпушти 12.000 работници. Ова е најголемото кратење што таа го презема во последнава деценија. Покрај обидите за реструктуирање на персоналните компјутери се уште и носат на фирмата 60% од нејзините продажби и 40% од профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП