3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAMG GT R пристигна! (фото+видео)

AMG GT R пристигна! (фото+видео)

zeleno mece

Мртвиот дел од сезоната ја размрда „Mercedes“ на крајот на минатата недела, кога го претстави моделот „AMG GT R“, a додека да пристигнат првите снимки од возењето, можеме да се задоволиме со ситниците и тоа што ни го понудија оние кои го нарачале овој автомобил.

zeleno mece 2

Да потсетиме, инженерите се потрудиле на „R“ верзијата да и ја намалат тежината (1.554kg, зa 90kg помалку од „S“ верзијата) и да додадат повеќе моќ во 4.0-литарскиот V8 (577HP, 699Nm) со што ќе можe да им парира на конкурентските спортски модели („911“, „R8“…).

zeleno mece 3

„GT R“ забрзува до „стотка“ за три и пол секунди, а максималната брзина изнесува 318 km/h.

zeleno mece 4

Eкслузивните перформанси се тука со екслузивната боја „AMG green hell magno“, a oвој автомобил во однос на послабата верзија се разликува и по неколку детали на екстериерот, како и во импресивниот ентериер.

zeleno mece 6

Автомобилот дебитираше на „Goodwood Festival of Speed“, цената се уште не е познат, а првите испораки се очекуваат во текот на следната година. Потсетуваме, цената на моделот „S“ во САД изнесува околу 130.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП