1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТешки загуби - суспендирани акциите на Barclays и RBS

Тешки загуби – суспендирани акциите на Barclays и RBS

berza zagbu3

Трговијата со акции на двете британски банки „Barclays“ и „RBS“ беше прекината привремено во понеделникот наутро во позадина на сериозните паѓања на нивните цени на берзата „London Stock Exchange“, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на „Barclays“ во првите минути од сесијата забележаа пад од 10,3 отсто, а оние на „RBS“ – со 15 отсто, што активира автоматското прекинување на трговијата при пад од над 8 отсто.

Кога тоа се случи, автоматското непрекината трговија се запира и засегнатите акции се ставаат во тендер за пресметување на вредноста на акцијата. Ова му овозможува на пазарот да донесе одлука за соодветната вредност на акциите пред автоматската трговија да биде обновена.

Акциите на „Barclays“ и „RBS“ биле „офлајн“ околу 5 минути, изјави за „The Independent“ портпаролот на Лондонската берза.

Банкарските акции се меѓу најзасегнатите по одржувањето на референдумот за напуштање на ЕУ од страна на Британија.

Околку пладне акциите на „Barclays“ се тргува со пад од 9,76 отсто до 138,95 пени, додека оние на „RBS“ со пад од 13,3 отсто до 178,14 пени. Акциите на „Lloyds“ поевтинуваат за 8,91 отсто до 51,88 пени, откако паднаа над 20 отсто порано во текот на денот.

„RBS“ загуби 10 милијарди фунти од пазарната капитализација од четвртокот наваму, или повеќе од нето принос на Велика Британија кон буџетот на ЕУ за 2015-та година, кој беше во износ од 8,5 милијарди фунти. Нето придонесот е разликата од она што Лондон го плаќа на ЕУ, и она што се враќа назад како субвенции.

Извршните директори на голем број банки се обидоа да ги смират инвеститорите, откако Британија гласаше да ја напушти ЕУ на референдумот на 23-ти јуни.

Во изјавата Даглас Флинт, претседател на Бордот на директори на „HSBC“, изјави дека посветеноста на банката кон британските компании нема да ослабе.

„Денес влегуваме во нова ера за Велика Британија и британскиот бизнис. Активностите за воспоставување на нови односи на трговијата со нашите европски и светски партнери ќе биде сложена и ќе биде потребно време. Ние ќе работиме неуморно во следните недели и месеци, за да им помогнеме на нашите клиенти да се прилагодат и да се подготват за новата средина“, изјави Флинт.

Џес Стејт, извршниот директор на „Barclays“, вели во изјава дека банката е подготвена да направи „се што е потребно“, за да им служи на своите клиенти.

„Ние сме трансатлантска потрошувачка, корпоративна и инвестициона банка, со централи во Велика Британија и САД. Тоа останува јадрото на нашата сила“, рече тој.

Претходно централната банка на Англија изјави дека го „следи развојот одблизу“ и ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да ја поддржи монетарната стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП