1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајавата за преземање на „Макпетрол“ – тест за институциите

Најавата за преземање на „Макпетрол“ – тест за институциите

mak

Експертите за економија и за борба против корупција со став дека надлежните институции мора да бидат моќен филтер кој нема да дозволи во Македонија да влезат „загадувачи“ на домашната економија.

Економскиот аналитичар Павле Гацов вели дека доколку Комисијата за хартии од вредност констатира одредени недоследности, кршење на одредби или лажни податоци има право и да ја поништи или прекине целата постапка за преземање на „Макпетрол“.

– Не е сеедно кој ќе биде сопственик и кој ќе раководи со оваа компанија. Засегната ќе биде домашната економија и граѓаните така што овие работи не се оставаат на случајности. Не постои државно тело, државен орган кој не може да се вклучи ако се има сознанија дека намерата е можеби да се сруши еден од најголемите добавувачи на нафта и нафтени деривати во Македонија, што на крајот на краиштата може и нема да не изненади, вели Гацов.

Главен регулатор во процедурата е токму Комисијата за хартии од вредност. Од таму за сега не сакаат да навлегуваат во детали и се држат цврсто до законските флоскули.

“До комисијата досега е доставена само намерата за преземање со пропратна документација. Компанијата сè уште нема доставено барање за дозвола за презeмање на Макпетрол АД Скопје. Со оглед дека рокот за доставување уште тече, не би навлегувале во понатамошни објаснувања”, велат од таму.

Индиецот Субрата Рој, Израелецот Моше Баум од „Сведмилк“. Ова се двата примера на странски инвеститори кои се претставувале како спасители, а завршиле како погребници на економските надежи, на кои потсетува Слаѓана Тасева, поранешен претседател на Антикорупциската комисија.

– Многу често имаме примери лицата кои овде доаѓаат како инвеститори против нив да се водат постапки во други држави за разни видови злоупотреби, измами, за формирање финансиски шеми, случаи на перење пари, вели Тасева.

Балкан Петролеум Холдинг Лимитед во намерата за преземање, објавена на 8-ми јуни, најави дека акциите би ги откупувала по речиси 26.000 денари, цена која во моментот беше за 30 отсто повисока од тогашната берзанска вредност на акцијата на „Макпетрол“. Сепак, поважна од цената на акцијата е големата слика за иднината на компанијата која има мрежа од над 100 бензински пумпи и е носител на бизнисот со природен гас во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП