16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda работи на електричен кросовер

Skoda работи на електричен кросовер

skodata3535

Чешкиот производител на автомобили „Skoda“ развива кросовер кој се напојува со електрична енергија. Тоа ќе биде целосно нов автомобил, кој нема да има ништо заедничко со веќе постоечките модели на брендот, објави „Autocar“.

Возилото треба да биде готово во 2020-та година, а според директорот на британската единица на компанијата Данкан Мовасаги е многу поевтино тоа да биде развиено од нула, отколку да се преработува некој од сегашните автомобили.

skodawebmag

Топ-менаџерот не откри детали за идниот електричен „SUV“ на Чесите. Се очекува со полни батерии возилото да поминува околу 500 километри, а полнењето да трае помеѓу 15 и 90 минути. Во основата на кросоверот на Чесите ќе биде платформата „MEB“ (Modular Electric Toolkit), на која беше изграден и прикажан претходно во оваа година концепт „Volkswagen Budd-e“. Бидејќи електричниот агрегат е прилично компактен, новиот модел може да биде со 7 седишта.

Создавањето на електричен модел од „Skoda“ е дел од плановите на „Volkswagen Group“, кои предвидуваат во 2025-та година Концернот да продава 1 милион електрични и хибридни возила во една година. Сите компании, кои се дел од групата, вклучувајќи ја и „Skoda“, до 2020-та година треба да понудат 20 нови модели на електрична енергија или со мешани енергетски агрегати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП