Веќе некое време кружат гласини дека „Apple“ ќе го отстрани влезот за слушалки веќе на следниот „iPhone“ уред.
„Wall Street Journal“ е последниот кој пишуваше за тоа, а најавува дека со најголемата планирана промена за отстаранување на влезот за слушалките, ќе се овозможи телефонот да биде потенок и да биде отпорен на вода.
Нивниот извор вели дека оваа улога во иднина ќе ја има влезот за полнач, што значи дека уредот ќе прифаќа само оргинални или безжични слушалки.