25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКia Motors бележи зголемување на продажбата

Кia Motors бележи зголемување на продажбата

kia motors

Од корпорацијата „Kia Motors“ известија дека во март месец продале 2.7 проценти повеќе автомобили во споредба со истиот месец од 2012-та година. Најголем раст е забележан во Кина, каде продале 48.364 возила, а пак во Европа имале раст од 7 проценти или продадени 57.651 единици.

Кина воедно е и пазарот каде „Kia“ забележа најголем раст во првиот квартал од оваа година од 24 проценти или 144.559 возила, а овој успех го следеше и Европа каде со автомобили на овој производител се снабдиле 135.571 корисници.

Глобално најпродаван модел на „Kiа“ во месец март е „Rio“ со 44.371 продадени примероци. Спортскиот теренец „Sportage“ го зазеде второто место со 32.966 возила, додека третот место му припадна на „Forte“ со продадени 32.799 автомобили. Меѓу првите пет се најдоа и лимузината „Optima“ (23.981) и големиот спортски теренец „Sorento“ кој си најде нови 17.402 сопственици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП