4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube воведува стриминг во живо од мобилен телефон

YouTube воведува стриминг во живо од мобилен телефон

live3

„YouTube“ започнува постепено со воведување на функција за стриминг во живо од мобилен телефон. Функцијата ќе биде конкурент на „Periscope“ на „Twitter“ и „Live“ на „Facebook“.

Компанијата најави дека првично услугата ќе се нуди само за најпопуларните канали, но потоа ќе стане достапна за сите. Функцијата за стриминг ќе биде вградена во главната апликација на „YouTube“. Корисникот само треба да притиснете само едно копче, да си направи селфи или да избере друга слика за слика за иконата на проследување и емитувањето ќе започне веднаш.

Сите стримови ќе се чуваат во целосна евиденција и автоматски ќе се додаваат на каналот на корисникот. Со тоа ќе доаѓаат и сите други можности на „YouTube“, како ограничување на пристапот до евиденцијата, додавање на прибелешки, пребарување и друго.

Креаторите на содржина ќе можат да испраќаат сигнали до претплатниците на каналите, кога почнуваат да емитува во живо. Ќе има и опција дали едно проследување да е јавно достапено или видливо само за претплатници на дадениот канал.

Стримовите ќе се бесплатни како за нивните автори, така и за гледачите. Надежта на „YouTube“ е дека на овој начин ќе ги задржи корисниците во видео порталот и покрај силната конкуренција на „Facebook Live“ и „Periscope“. „YouTube“ се потпира на добрата репутација како видео платформа и дури го користи тоа во претставувањето на новата услуга, тврдејќи дека таа ќе е побрза и најсигурна, наспроти конкурентските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП