2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата генерација на Porsche Panamera (фото)

Новата генерација на Porsche Panamera (фото)

pp nova 00

Премиерата на втората генерација на „Porsche Panamera“ е закажана за 28-ми јуни, но во интернет-просторот се појавија фотографии на возилото. На нив е претставена модификацијата „Panamera Turbo“.

pp nova 01

Промените во дизајнот на автомобилот се минимални, како што тоа се очекуваше, откако на неколку пати во последните месеци беа снимени тест прототипите на моделот. Измени сепак има како во предниот, така и во задниот дел на возилото, но генерално тој е лесно препознатлив.

pp nova 02

Целосно сепак е преработен ентериерот на моделот. Од аналогните делови е запазезен исклучиво мерачот на вртежи, додека останатите веќе се дигитални. Променети се мултимедијалните системи и рачката за менување на брзините. Во кабината се поставени нови спортски седишта и информациско-забавен систем за патниците на задната клупа.

pp nova 03

На една од фотографиите е прикажан и новиот 4,0-литарски турбо V8 мотор, со кој ќе биде опремен автомобилот. Уште во мај од „Porsche“ соопштија дека агрегатот ќе добие моќност од 550 КС и 770 Нм. За споредба сегашната верзија „Panamera Turbo“ има 4,8-литарски V8 со 520 КС и 700 Нм.

pp nova 04

Покрај моделите со 4 врати, компанијата од Штутгарт најави дека втората генерација на моделот ќе биде претставена и како спортски караван – „Panamera Shooting Brake“, кој ќе биде прикажан до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП