4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИKindle повторно ќе биде достапен за слепи

Kindle повторно ќе биде достапен за слепи

kindle 33335

„Amazon“ претстави нов, потенок и полесен електронски читател од брендот „Kindle“. Сепак најголемата новина во него е враќањето на пристапноста на уредот за слепи.

Во раните денови читачите на „Amazon“ имаа звучници, приклучок за слушалки и функцијата „текст на говорот“, која им помагаше на читателите со проблеми со видот. Но четвртата генерација „Kindle Touch“ што се појави во 2011-та година, беше последната која ја нудеше оваа услуга. Откако „Amazon“ се насочи кон таблетите „Fire“ со „LCD“ екран, беше отстранета аудио функционалност од читачите „Kindle“, што ги направи недостапни за слепи.

Новиот читач се продава за 80 долари со реклами и 100 долари – без. Тој располага со 6-инчен екран со електронско мастило, како и нивните претходници. Екранот не свети како моделот „Paperwhite“. Уредот има повеќе меморија и безжична „bluetooth“ технологија која за прв пат се користи во „Kindle“.

„Bluetooth“ обично се користи за пренос на музика или говор. Во случајот тоа значи дека „Kindle“ може да ви чита на глас-книга кога ќе се поврзе со „Bluetooth“ слушалки или звучници, како „Amazon Echo“. Технологијата за говор „VoiceView“ која го чита дури менито на уредот и други функции на интерфејсот, го направи своето деби во 2015-та година на таблетите „Fire“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП