3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia прогласенa за најсигурен производител

Kia прогласенa за најсигурен производител

2016 Soul

Експертите од американската агенција „J.D. Power and Associates“ ја составија листата на најсигурните автомобилски марки.

Таа се прави по 30-ти пат, така што е земено предвид мислењето на 80.000 сопственици на автомобили произведени во 2016-та година. Тие треба да ги соопштат основните проблеми со кои се соочија за време на користењето на своите машини. Степенот на сигурност се утврдува врз основа на бројот на проблеми, откриени при 100 автомобили од секој модел.

За прв пат во историјата на листата, која вклучува вкупно 33 автомобилски брендови, на врвот е „Kia“. Резултатот на корејскиот производител е 83 оштети при 100 возила. Лидери во одделните сегменти се моделите „Soul“ (на фотографијата) и „Sportage“. Добро се претстават уште „Rio“, „Forte“ и „Sorento“.

На второ место е „Porsche“ со 84 проблеми на 100 автомобили, а на трето е „Hyundai“ – 92/100. Во првата петорка се наоѓаат уште „Toyota“ – 93/100 и „BMW“ – 94/100.

Од „J.D. Power and Associates“ дополнуваат дека квалитетот на автомобилите се зголемил во просек за 6% во споредба со минатата година. Според еден од водечките експерти на Агенцијата – Рене Стефанс, производителите прават се посигурни возила, бидејќи ги слушаат жалбите на своите клиенти и брзо ги отстрануваат проблемите.

sigurni 001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП