25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПо Oppo, Vivo и OnePlus пристигнува Immo

По Oppo, Vivo и OnePlus пристигнува Immo

imoo9999

Помалку е познато дека кинеските брендови на мобилни уреди „Oppo“, „Vivo“ и „OnePlus“ се во сопственост на една единствена компанија.

Станува збор за компанијата „BBK Electronics“ која е основана во 1995-та година и своето работење го започна како производител на копии на тогаш популарните играчки конзоли, за потоа да се пренасочи на пазарите на смартфони, „MP3“ плеери, „Blu-ray“ плеери, дигитални камери и други електронски уреди.

По стартувањето на горе споменатите брендови на паметни телефони, компанијата започнува со нов бизнис потфат. Таа ќе основа нов, четврт по ред бренд за мобилни уреди. Новата подружница ќе го добие името „Immo“, a според досега достапните информации, нивниот прв паметен телефон би требало да биде наменет за деца и за едукацискиот сектор.

За споменатиот мобилен уред засега ништо конкретно не е објавено, само една промотивна фотографија на која може да се прочита дека станува збор за мобилен уред за учење. Официјалното претставување на уредот во Кина се очекува да се случи во текот на следните неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП