22 јуни, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu MX6 ќе пристигне на 19-ти јули со процесор Helio X20

Meizu MX6 ќе пристигне на 19-ти јули со процесор Helio X20

663

Некогашната „MX“ премиум серија на паметни телефони на компaнијата „Meizu“, која што во таа улога ги заменија „Pro“ моделите (последниот таков уред е „Meizu Pro 6“), наскоро ќе добијат нов претставник.

Новиот „MX6“ модел се очекува „Meizu“ да го претстави на 19-ти јули на конференција за новинарите која ќе се одржи во Пекинг. Станува збор за одложување за еден месец, затоа што претходното претставување на смартфонот беше закажано за 20-ти јуни.

Според достапните информации, „MX6“ ќе биде паметен телефон со 5,5 инчен 2.5D екран чија резолуција изнесува 1920 x 1080 пиксели и ќе биде достапен во две верзии кои ќе се разликуваат само по количината на „RAM“ и интерната меморија.

Нешто поевтината верзија ќе содржи 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија, додека поскапата ќе има 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Главната камера ќе има сензор од 20,7 мегапиксели, додека предната ќе биде од 8 мегапиксели.

„Meizu MX6“ го користи 10-јадрениот процесор „MediaTek – Helio X20“, што е помалку изненадување со оглед на тоа дека премиум уредот на компанијата, „Pro 6“ користи малку подобрена верзија на тој процесор под името „Helio X25“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар