6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung ќе инвестира 1,2 милијарди долари во Интернет на нештата

Samsung ќе инвестира 1,2 милијарди долари во Интернет на нештата

samsnung slika

„Samsung Electronics“, најголемиот производител на смартфони во светот, објави дека планира да инвестира 1,2 милијарди долари во САД во следните четири години. Сумата е предвидена за технологијата во областа на Интернет на нештата, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата соопшти дека ќе направи инвестициите преку своите единици во Силиконската долина, како „Samsung Global Innovation Center“. Целта и е да развие нови технологии кои може да се користат масовно, и да ги зајакне врските со „стартапите“. Компанијата во моментов не открива детали за плановите.

Технолошките компании во светот се насочуваат кон технологии во областа на интернет на нештата кои им овозможуваат на уредите кои се користат во секојдневниот живот, да комуницираат едни со други. Во сето ова фирмите гледаат нов извор на приходи, откако растот на продажбата на клучните производи, како смартфоните се забавува.

Во последните години „Samsung“ купува компании и истовремено развива нови производи и услуги. Компанијата се надева дека овие напори ќе доведат до нови извори на профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП