4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram стигна до бројката од 500 милиони корисници

Instagram стигна до бројката од 500 милиони корисници

instic323

Според најновите податоци, популарната апликација за уредување и споделување фотографии, „Instagram“, сега може да се пофали со 500 милиони корисници.

Уште поважен е податокот дека две третини од корисниците или 300 милиони од нив го користат „Instagram“ секој ден. Со помош на „Instagram“ секој ден се споделуваат околу 95 милиони фотографии и видео содржини, а се забележуваат 4,2 милијарди лајкови.

Во септември 2015-та година „Instagram“ имаше 400 милиони корисници, додека пред четири години, во време кога апликацијата беше купена за 1 милијарда долари од страна на „Facebook“, имаше 30 милиони корисници.

За раст на популарноста на апликацијата најмногу се заслужни корисниците надвор од САД кои сочинуваат 80% од сите корисници на апликацијата. Според предвидувањата на компанијата „eMarketer“, „Instagram“ до крајот на оваа година на „Facebook“ ќе му донесе околу 1,5 милијарди долари во приходи од реклами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП