16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo подготвува конкурент на BMW Series 5

Alfa Romeo подготвува конкурент на BMW Series 5

alfa_5_series_-_front_watermarked

Компанијата „Alfa Romeo“ работи на нов седан, кој ќе се распореди над „Giulia“ во спектарот на компанијата и ќе мора да се натпреварува со „BMW Series 5“ и „Mercedes-Benz E-Class“, објави „Auto Express“, цитирајќи го главниот инженер на „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) Харолд Вестерн.

Седанот ќе се појави не порано од 2018-та година, а ќе биде изграден на шасијата, употребена за „Giulia“ и исто како неа ќе се нуди, како со заден пренос, така и со погон на сите четири тркала.

Моделот ќе биде првиот во историјата на италијанската марка, кој ќе добие нов дизел V6 мотор. Моторот е изграден врз основа на агрегатот со зафатнина од 3,0 литри, кој развива 275 КС. Тој е поставен во „Quattroporte“ и „Ghibli“, но кај нив развива 275 КС и 600 Нм.

Во палетата мотори ќе падне уште 2,2-литарски дизел со 150 и 180 КС, како и 2.0-литарски бензински турбомотор со 200 КС. Според зборовите на Вестерн последниoт од овие агрегати има доволен потенцијал за да може моќноста на новиот модел да достигне 250 КС.

Седанот ќе добие и спортска модификација со 2,9-литарски Твин-турбо V6 со 510 КС, кој се наоѓа на топ-верзијата на „Giulia“ – „Quadifoglio Verde“. Предвидено е и појавата на хибридна верзија, која ќе се полни од електрична мрежа. Трансмисијата за новиот модел ќе биде 6-брзински мануелен и 8-степен автоматски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП