29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК му даде „зелено светло“ на Foxconn за превземање на Sharp

ЕК му даде „зелено светло“ на Foxconn за превземање на Sharp

she33

Европската комисија (ЕК) и овозможи на тајванската „Hon Hai Precision Industry“ (Foxconn) да ја реализира трансакцијата за купување на јапонскиот производител на електроника „Sharp“. Известување за зделката било поднесено во Брисел во средината на мај, станува јасно од документацијата за случајот.

Проверката од страна на ЕК покажала дека обединувањето на двете компании нема да влијае на конкуренцијата на пазарот, бидејќи производите и услугите кои ги нудат, се дополнуваат.

Тајванската „Foxconn“ е провајдер на услуги за производители на електроника, како компјутери, мобилни телефони, видео игри и телевизори. Компанијата работи во Северна и Јужна Америка, Азија и Европа, објаснуваат од ЕК.

„Sharp“ е производител на различни уреди, вклучувајќи и соларни панели и мултифункционална електроника.

Двете компании соработуваат од 2012-та година. На 30-ти март 2016-та година тие објавија во заедничко соопштение за своето обединување. Тајванската компанија плати 3,5 милијарди долари, за да ја превземе контролата во „Sharp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП