17 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Renault Fluance ќе биде подготвен наесен

Новиот Renault Fluance ќе биде подготвен наесен

flue333

Францускиот производител „Renault“ ја завршува работата на новата генерација на седанот „Fluance“ која ќе биде направена во новиот дизајнерски стил на брендот. Ова го пишува весникот „Automobile“, според кое моделот ќе дебитира пред публиката на автосаемот во Париз во октомври.

Новиот седан ќе добие предни светла „LED Pure Vision“ во стилот на последната генерација на хечбекот „Megane“. Задниот дел, пак, ќе изгледа како тој на седанот „Talisman“, при што светлата се повлечени кон средишниот дел на багажникот.

Се уште не е јасно дали идниот „Fluance“ ќе ја добие новата модуларна платформа „CMF“ или ќе се користи модернизирана верзија на шасијата на старата генерација. Таа беше изградена врз основа на уште постара архитектура – онаа на „Megane II“.

Другото прашање е дали моделот ќе го задржи името или ќе претрпи ребрендирање за подобрување на имиџот. Аналогно процесот го доживеа „Laguna“ чиј наследник го доби називот „Talisman“. Што се однесува до ентериерот, тој ќе биде изработен во стилот на новиот „Megane“. Неговата карактеристика е вертикално распореден екран на допир „R-Link 2“ со дијагонала од 8,7 инчи.

Веројатно и моторите на „Fluance“ ќе бидат превземени од „Megane“. Хечбекот дебитираше со 6 мотори – 3 бензински, со моќност од 100, 130 и 205 КС, и 3 дизели со моќност од 90, 110 и 130 КС. Седанот сепак нема да биде понуден во верзијата „GT“ со 205 КС, а за некои пазари ќе ги добие старите атмосферски мотори со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП