4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHonor 5C пристигнува и на европскиот пазар

Honor 5C пристигнува и на европскиот пазар

cpet model

Кон крајот на „Huawei“ претстави нов мобилен телефон од евтината „Honor“ серија – „Honor 5C“. На почеток смартфонот беше достапен исклучиво на кинескиот пазар, а сега по почетната ексклузива, „Huawei“ одлучи да го понуди и на останатите пазари, вклучувајќи и европскиот.

Потсетуваме дека станува збор за 5,2-инчен уред кој се одликува со „IPS“ екран со „FHD“ резолуција, процесор „Kirin 650 SoC“, „ARM Mali-T830“ графика и со 2 GB RAM и 16 GB вградена меморија за чување на податоци. Што се однесува на камерите, тие би требало да ги задоволат како повремените фотографи, така и оние што сакаат „селфи“, затоа што се одликува со 13 MP и 8 MP сензори.

Од софтверска страна се наоѓа „Marshmallow Android“, т.е. корисничкиот интерфејс „Huawei“ – „EMUI 4.1“. „Honor 5C“ има метално куќиште, но му недостига простор за „NFC“, како и сензор за отпечаток на прстот.

На кинескиот пазар „Honor 5C“ има цена од 139 долари (3G) и 154 долари (4G), додека цената на европскиот пазар ќе биде малку поголема – 199 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП